Конзуларни Услуги


 

НОТАРСКИ УСЛУГИ

Нотарски услуги што се извршуваат во дипломатско-конзуларните претставништва:

Заверка на потпис (полномошно, изјава и друго)

Согласно ЗАТ - Тар.бр. 131 (барање) чини 8 евра, Тар.бр.144 (услуга)  чини 13 евра, вкупно 21 евра

Составување на полномошно 

Согласно ЗАТ - Тар.бр. 131 (барање) не се наплаќа, Тар.бр.139 (услуга)  чини 10 евра, вкупно 10 евра

Прибавување на потврди и уверенија (потврди и изводи од матични книги, потврди или спроводници за пренос на посмртни останки, Уверение за неосудуваност од РСМ, Уверение за слободна брачна состојба од РСМ

Согласно ЗАТ - Тар.бр. 131 (барање) чини 8 евра, Тар.бр. 136 (услуга) чини 12 , вкупно 20 евра, Тар.бр. 132  (достава од/до РСМ) чини 6 евра за во Европа, за вон Европа 9 евра

Заверка на службен потпис и печат 

Согласно ЗАТ - Тар.бр. 131 (барање) чини 8 евра, Тар.бр.146 (услуга)  чини 12 евра, вкупно 20 евра

Издавање Уверение за живот во странство со кое се регулира право на пензија од РСМ - лично присуство на барател со валиден документ за идентификација

Согласно ЗАТ - Тар.бр. 131 (барање) чини 8 евра, Тар.бр. 136 (услуга) чини 12 , вкупно 20 евра

Тестамент

Согласно ЗАТ - Тар.бр. 131 (барање) чини 8 евра, составување на тестамент

Тар.бр. 137 (услуга) чини во ДКП 60 евра, а вон ДКП 96 евра, отповикување на тестамент Тар.бр. 137 (услуга) чини 30 евра, акт за составување на дополнување на тестамент Тар.бр. 137 (услуга) чини 48 евра, Тар.бр. 132  (достава од/до РСМ) чини 6 евра за во Европа, за вон Европа 9 евра

Составување на договор

Согласно ЗАТ - Тар.бр. 131 (барање) не се наплаќа, Тар.бр.138 (Услуга)  чини 48 евра, вкупно 48 евра

Заверка на препис или фотокопија составени од странка 

Согласно ЗАТ - Тар.бр.131 (барање) чини 8 евра, Тар.бр.148 (услуга)  чини 8 евра за прва страна, а за секоја натамошна страна 4 евра

Составување на други исправи

Согласно ЗАТ - Тар.бр. 131 (барање) не се наплаќа, Тар.бр.140 (Услуга)  чини 30 евра

Заверка на препис или фотокопија составени во ДКП

Согласно ЗАТ - Тар.бр.131 (барање) чини 8 евра, Тар.бр.141 (услуга)  чини 10 евра за прва страна, а за секоја натамошна страна 6 евра

Издавање согласност на родители за отпуст од државјанство на малолетни деца

Согласно ЗАТ - Тар.бр. 131 (барање) не се наплаќа, Тар.бр.139 (услуга)  чини 10 евра, Тар.бр.144 (услуга)  чини 13 евра, вкупно 23 евра

Депонирање на потпис и печат на нотар кај дкп на РСМ

Согласно ЗАТ - Тар.бр.131 чини 8 евра, Тар.бр.150  чини 96 евра, вкупно 104 евра

Изјава за согласност на странски родители за издавање патна исправа на дете или изводи од Матична книга на родените

Согласно ЗАТ - Тар.бр. 131 (барање) не се наплаќа, Тар.бр.139 (услуга)  чини 10 евра, Тар.бр.144 (услуга)  чини 13 евра, вкупно 23 евра

Наследнички изјави

 Согласно ЗАТ - Тар.бр. 140 (барање) чини 30 евра, Тар.бр.144 (услуга)  чини 13 евра, вкупно 43 евра

Записник за дејствија во оставинска постапка

Согласно ЗАТ - Тар.бр.131 (барање) чини 8 евра, записник во ДКП Тар.бр.151 (услуга)  чини 30 евра за прва страна, а за секоја натамошна страна 4 евра, записник вон ДКП Тар.бр.151 (услуга)  чини 84 евра


 

МАТИЧНИ КНИГИ

Упис во Матичната книга на родените

Потребни документи за упис во Матичната книга на родените на дете родено во странство чии родители се државјани на Република Северна Македонија:

  • Барање за упис во Матичната книга на родените на Република Северна Македонија, потпишано од двајцата родители. Ако само еден од родителите е македонски државјанин, потребна е писмена согласност од другиот родител;
  • Оригинал извод од Матичната книга на родените за детето, со Апостил печат, доколку земјата е потписничка на Хашката конвенција за легализација;
  • Превод на изводот заверен на македонски јазик (не треба доколку земјата е членка на Виенската конвенција за издавање изводи од Матичната книга на повеќе јазици од 1976 г.).

Упис во Матичната книга на венчаните

Потребни документи за упис во Матичната книга на венчаните на брак склучен во странство:

  • Барање за упис во Матичната книга на венчаните;
  • Важечка лична карта или пасош за идентификација;
  • Извод од Матичната книга на венчаните од другата држава;
  • Извод од Матичната книга на родените (доколку изводот од Матичната книга на венчаните е нецелосен);
  • Превод на македонски јазик заверен во дипломатско-конзуларно претставништво на РСМ на извод издаден на обичен образец.

Упис во Матичната книга на умрените

Потребни документи за упис во Матичната книга на умрените на македонски државјанин што починал во странство:

  • Барање за издавање извод од Матичната книга на умрените;
  • Важечка лична карта или пасош на барателот;
  • Извод од Матична книгата на умрените издаден од државата каде што настапила смртта;
  • Легализиран превод на македонски јазик на извод издаден на обичен образец;
  • Спроводница доколку лицето треба да се пренесе во Република Северна Македонија 

Прибавување на изводи од матични книги 

(Матична книга на родени, Матична книга на венчани и Матична книга на умрени)

Услугата согласно ЗАТ - Тар.бр. 131 (барање) чини 8 евра, Тар.бр. 136 (услуга) чини 12 , вкупно 20 евра,  Тар.бр. 132  (достава од/до РМ) чини 6 евра за во Европа, за вон Европа 9 евра


 

СПРОВОДНИЦА

Спроводница за македонски државјанин што починал во странство се издава во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, од чие јурисдикциско подрачје се пренесува телото на починатото лице.

Потребни документи за издавање спроводница:

  • Барање за издавање спроводница:
  • Доказ за државјанство на Република Северна Македонија (патна исправа или лична карта или Уверение за државјанство на РСМ);
  • Извод од Матичната книга на умрените издаден од државата каде што настапила смртта;
  • Лекарски извештај за причината за настанатата смрт (причината за смрт да не биде заразна болест);
  • Одобрение (потврда) за пренос на починатото лице од државата каде што настапила смртта;
  • Податоци за начинот на пренос на починатото лице (доколку преносот се врши по копнен пат, потребно е издавање спроводница од сите земји низ кои ќе транзитира телото на починатиот);
  • Име и презиме на лицето што ќе го придружува починатото лице и копија од патна исправа;
  • Доколку починатото лице не е македонски државјанин, спроводницата се издава по добивање согласност од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.
  • Конзуларна такса

Услугата согласно ЗАТ - Тар.бр. 131 (барање) чини 8 евра, Тар.бр. 136  (услуга) чини 12 евра, вкупно 20 евра


 

ИМОТНИ ЛИСТОВИ

Државјаните на Република Северна Македонија, кои времено или постојано престојуваат во Соединетите Американски Држави, Канада, Република Австрија и Република Србија, ќе можат веднаш да добијат имотен лист, преку дипломатските и конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Детроит, Торонто, Виена и во Белград..

Потребни документи за издавање имотен лист:

  • Молба (се добива во едно од горенаведените дипломатски и конзуларни претставништва), во која освен личните податоци, ќе наведете и податоци за недвижниот имот за кој барате имотен лист, и тоа: име на општина, име на катастарска општина, број на имотен лист, број на катастарска парцела, број на зграда, број на влез и број на посебен дел од зграда (стан, деловна просторија, гаража и друго).
  • Важечка лична карта или пасош или друг документ со фотографија за идентификација (на увид, за лична идентификација и утврдување на државјанскиот статус).
  • Доколку имотот не е во ваша сопственост барањето се поднесува само со оригинал полномошно (од нотар во Република Северна Македонија или соодветно легализирано од ДКП на РСМ или ако е изготвено од странски орган на земја потписничка на Хашката конвенција за легализација заверено со апостил печат).

Надомест за издавање на имотниот лист

Конзуларна такса

Услугата согласно ЗАТ - Тар.бр. 131 (барање) чини 8 евра, Тар.бр. 132  (достава од/до РМ) чини 6 евра за во Европа, за вон Европа 9 евра, плус надомест кон Агенцијата за катастар на недвижности во висина од 150,00 денари во противвредност на домицилната валута. како и банкарска провизија за извршената трансакција.

Напомена: Имотниот лист може да се добие исклучиво во 1 (еден) оригинален примерок.


 

ПАТНИ ИСПРАВИ

Патна исправа

За време на престојот во странство, патната исправа служи за утврдување на идентитетот и како доказ за државјанство на Република Северна Македонија.

Пасошот е електронска исправа за лична идентификација која му се издава на државјанин на Република Северна Македонија заради патување и престој во странство, како и за враќање во земјата.

Повеќе за издавање на патна исправа на https://mvr.gov.mk/upravni-rab/1

Патен лист

Патниот лист е лична исправа која му се издава на државјанин на Република Северна Македонија кој останал во странство без патна исправа, само за враќање во земјата. Патниот лист се издава со рок на важење до 30 дена или за времето кое е потребно за враќање во Република Северна Македонија.

Потребни документи за издавање патен лист:

  • Лично пополнето барање за издавање патен лист (за малолетни лица барањето го поднесуваат лично двајцата родители или едниот родител што е законскиот старател).
  • Две фотографии со димензии 3,5 см х 4,5 см
  • Се приложува на увид лична карта или друга јавна исправа од која може да се утврди идентитетот на подносителот на барањето. (важечки македонски или странски документ со фотографија во оригинал). Доколку не се приложи документ за потврда на идентитетот, тој може да биде потврден со заверена изјава од сведоци, а патниот лист се издава врз основа на претходна согласност од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.
  • Доказ за државјанство (важечка лична карта, пасош или оригинал Уверение за државјанство на Република Северна Македонија). Доколку не биде приложен доказ за државјански статус, патниот лист може да се издаде врз основа на претходна согласност од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.
  • Доказ за платена конзуларна такса 
  • За државјаните со друга национална валута од еврото, таксата се плаќа во соодветната национална валута.
  • Доколку патната исправа е изгубена или украдена, потребно е да се достави и потврда од надлежните органи.

Услугата согласно ЗАТ - Тар.бр. 133 чини 30 евра, доколку патниот лист се издава без согласност. Услугата согласно ЗАТ Тар.бр.132  (достава од/до РМ) чини 6 евра за Европа , 9 вон Европа, , односно 36 евра или 39 евра, доколку патниот лист се издава врз основа на согласност од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија. 

Издавање патни исправи во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија

Државјанин на Република Северна Македонија кон барањето за издавање патна исправа, потребно е да ги приложи следните документи:

Првпат издавање патна исправа

  • Уверение за државјанство на РСМ
  • Извод од Матичната книга на родените
  • Документ за идентификација издаден од надлежен орган во РСМ или земјата на приемот
  • Валидна дозвола за престој во земјата на приемот (само за лица што го немаат регулирано државјанскиот статус во земјата на приемот)

Редовна замена

  • Старата патна исправа со изминат рок
  • Валидна дозвола за престој во земјата на приемот (само за лица што го немаат регулирано државјанскиот статус во земјата на приемот)

Дупликат патна исправа (поради губење, кражба или исчезнување)

  • Уверение за државјанство на Република Северна Македонија
  • Валидна дозвола за престој во земјата на приемот (само за лица што го немаат регулирано државјанскиот статус во земјата на приемот)
  • Извод од Матичната книга на родените
  • Документ за идентификација издаден од земјата на приемот или од Република Северна Македонија (лична карта и сл.)
  • Потврда од полиција (преведена на македонски јазик) дека е пријавен пасошот за украден, изгубен или исчезнат
  • Лична изјава потпишана од странката дека патната исправа е изгубена, украдена или исчезната
  • Објавување на изгубената, украдената или исчезнатата патна исправа во Службен весник на РСМ (може лично да се објави или да го сторат тоа роднини во градот на подрачната единица на МВР каде што е издадена патната исправа).

Предвремена замена (поради оштетеност, пополнетост, промена на лични податоци и др.)

  • Приложување на оригиналната патна исправа во ДКП на Република Северна Македонија
  • Валидна дозвола за престој во земјата на приемот (само за лица што го немаат регулирано државјанскиот статус во земјата на приемот)
  • Стариот валиден пасош се одзема и се доставува на проверка во МВР
  • Доколку се бара издавање нова патна исправа, а старата валидна патна исправа е со важност над 1 година во моментот на поднесување на барањето, старата важечка патна исправа се одзема и се доставува на проверка во МВР
  • Доколку се бара издавање нова патна исправа со промена на личните податоци, по барањето не се постапува доколку од страна на подносителот на издавањето на пасошот не се извршени промените на личните податоци во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и не се внесени во системот на мобилната станица

 

Поднесување барање за издавање патна исправа на малолетни лица

При поднесување барање за издавање патна исправа на малолетно лице, неопходно е присуство на двајцата родители во дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија и извод од Матичната книга на родените на детето, со што ќе се потврди законскиот идентитет на родителите. Доколку еден од родителите е спречен да присуствува, потребно е претходно да се приложи полномошно заверено во дипломатско-конзуларно претставништво на Република Северна Македонија, со кое едниот родител го овластува другиот родител во негово име да поднесе барање за издавање патна исправа за детето. Доколку се работи за поднесување барање за издавање патна исправа за малолетно лице од разведени родители, потребно е родителот што е единствен старател на детето да приложи решение од местен надлежен суд дека е прогласен за единствен старател на детето.

  • Доколку бракот е склучен во странство и разводот е извршен во странство, пресудата треба претходно да биде преведена на македонски јазик и верифицирана од надлежен орган во Република Северна Македонија.
  • Доколку се работи за поднесување барање за малолетно лице за кое во изводот од Матичната книга на родените (ИМКР) во графата не е наведен еден од родителите (таткото), потребно е при поднесувањето на барањето да се приложи само ИМКР за детето.
  • Патна исправа на државјанин на Република Северна Македонија што живее во странство може да биде издадена во следниве дипломатско-конзуларните претставништва:  Мелбурн, Канбера, Чикаго, Њујорк, Детроит, Торонто, Берлин, Бон, Минхен, Стокхолм, Копенхаген, Хаг, Брисел, Берн, Лондон, Париз, Венеција, Виена и Љубљана.

Услугата согласно ЗАТ - Тар.бр. 133 чини за лица до 4 години 25 евра, за лица од 4 до 27 години 27 евра, за лица над 27 години 30 евра, издавање на дупликат на патна исправа и замена на оштетена важечка патна исправа чини 30 евра. 

Мобилни станици за администрирање патни исправи престојуваат во овие претставништва трипати годишно. Распоредот на мобилните услуги на следниот линк.


 

ДРЖАВЈАНСТВО

Уверение за државјанство на Република Северна Македонија

Државјани на Република Северна Македонија што живеат/престојуваат во странство подолго од шест месеци можат да поднесат барање за Уверение за државјанство во најблиското дипломатско-конзуларно претставништво.

Стекнување државјанство на Република Северна Македонија

Лица што имаат право на државјанство на Република Северна Македонија можат да започнат процедура за негово добивање во најблиското дипломатско-конзуларно претставништво. Повеќе информации зa Постапки за стекнување државјанство на РСМ на следниот линк

Отпуст од државјанство во ДКП на Република Северна Македонија 

Државјаните на Република Северна Македонија можат да се откажат од македонското државјанство доколку ги исполнуваат следниве услови:

  • имаат наполнето 18 години;
  • ги имаат намирено сите свои имотноправни и законски обврски кон сите државни и приватни органи, претпријатија, организации и други правни и физички лица;
  • ги имаат регулирано сите свои имотноправни и други законски обврски од брачен однос или однос на родители и деца кон лица што живеат во Република Северна Македонија;
  • имаат доставено доказ од надлежен орган дека не е поведена стечајна постапка, односно постапка за престанок на трговско друштво чиј основач или содружник се, или постапка против трговец-поединец, доколку тоа се;
  • не се води кривична постапка за кривично дело за кое се гони по службена должност;
  • имаат издржано казна затвор дело за кое се осудени;
  • имаат доказ за странско државјанство или дека ќе добијат странско државјанство веднаш штом ќе добијат отпуст од македонското државјанство;

Повеќе информации на следниот линк.

Потребни документи за отпуст од македонското државјанство:

  • Пополнето барање за отпуст од државјанство на Република Северна Македонија 
  • Биографија на подносителот на барањето потпишана лично;
  • Извод од Матичната книга на венчаните, доколку е во брак;
  • Гаранција дека ќе биде примен во странско државјанство;

Согласно ЗАТ - Тар.бр. 131 (барање) чини 8 евра, Тар.бр.145 (услуга)  чини 130 евра, Тар.бр.4 (за решение) чини 100 евра, Тар.бр.147 (заверка службен потпис и печат) чини 120 евра ,  вкупно 358 евра, плус по Тар.бр. 132  (достава од/до РМ) 6 евра за во Европа, а за вон Европа 9 евра

  • Согласност од детето над 15-годишна возраст, доколку барањето за отпуст е за него;
  • Согласност од родителите за дете до 18-годишна возраст.
  • Во интерес на безбедноста на Република Северна Македонија, поднесеното барање за отпуст од македонско државјанство може да биде одбиено.

ПРЕСТОЈ НА СТРАНЦИ

Издавање или продолжување на важноста на Патен лист за странци во ДКП на Република Северна Македонија (со согласност од МВР)

Услугата согласно ЗАТ - Тар.бр. 134 чини 20 евра

Последно ажурирање: 23 ноември 2020