Дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати се воспоставени на 27 мај 1996 година. Република Северна Македонија отвори Амбасада во Абу Даби, ноември 2014 г.
Билатерална договорна рамка:
1. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за одбегнување на двојно оданочување и заштита од фискална евазија по однос на даноците од доход“
- склучен во Дубаи на 26 октомври 2015 година
- во сила од 7 февруари 2017 година
2. „Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за редовен воздушен сообраќај помеѓу и вон нивните територии“
- склученa во Абу Даби на 28 јуни 2016 година
- во сила од 30 јануари 2018 година
3. „Договор меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за взаемна заштита на инвестиции“
- склученa во Абу Даби на 22 февруари 2021 година
- во сила
4. „Меморандумот за политички консултации меѓу Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати“
- склученa во Абу Даби на 22 февруари 2021 година
- во сила од 22 февруари 2021 година